ПРОМОЦИЈА НА ПОЕТСКАТА ЗБИРКА „ПАТУВАЊЕ“ ОД ДРАГИ ТРАЈЧЕВ

декември 31, 2023
1 минути

Во организација на ЈОУ Библиотека  „Искра“ – Кочани, во пресрет на Новогодишните празници  во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани поетската збирка, ,,Патување” од роднокрајниот автор Драги Трајчев ја имаше својата промоција.

Преубава атмосфера исполнета со духовна поезија, во која е претставен спој меѓу овоземниот и небесниот свет, инспирирана од богољубието, човекољубието и братољубието.

М-р Аника Илијевска Ѓорѓиева-рецензен, ја промовираше поетската збирка, а низ промоцијата не водеше Лидија Серафимова.

Преубавата атмосфера беше збогатена со пијано изведбата на Макарија Иванова, изведбата на црковни песни од членовите на Црковниот хор при храм Св. Ѓорѓи, Кочани, прекрасните музички изведби од членовите на хорот при СОУ ,,Љупчо Сантов”-Кочани и изведбите на гитара на Ванчо Богоев-Џани.

Дел од песните интерпретираа Силвана Јанева и Владо Павлов.

Свое обраќање, со свое поучно слово имаше отец Петар Ампов.

Гости, а воедно и презентери на свои лични творби беа дел од членовите на ЛК ,,Копнеж”, Славица Цеткова, Јане Атанасов, Христина Илијева и Ленче Стоименова.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ