Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани а во соработка со Дом за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица, денес, во просториите на Библиотека „Искра“ беше реализирана средба со младите талентирани авторки од Струмица, Рената Атанасова, Василија Ѓоргиева и Марија Витанова.
Воедно средбата беше искористена за претставување на творештвото на Рената Атанасова, Василија Ѓоргиева и Марија Витанова
Промотор на нивните дела беше Ацо Ѓоргиев, афористичар и поет, стручен соработник во Домот за млади и деца „Благој Мучето“, а за творештво на младите авторки зборуваше директорката Светлана Мазгалоска Вучетиќ од истата институција.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ