ПРОМОВИРАНО ПОЕТСКОТО ТВОРЕШТВО НА АВТОРОТ АНА ДЕДОВА

ноември 24, 2022
1 минути

Во салата на Мултикултурниот Центар во Кочани во присуство на роднини и пријатели и голем број љубители на убаво напишаниот збор денес беше промовирано поетското творештво на авторот Ана Дедова.

Промоцијата е во време кога Ана Дедова прославува еден мошне убав јубилеј, 25 години творештво.

Иако Ана 25 години пишува преди се поезија а нејзината прва книга го виде светлото на денот во 2012 година за да потоа издаде уште четири книги па вкупно издадените пет книги се за респект и почитување.

Песни од нејзините дела читаа членови на ЛК Копнеж“ од Кочани. Модератор на настанот беше Аника Илијевска – Ѓорѓиева.

М-р Љубинка Ајтовска која воедно беше Промотор на делата на Дедова ги запозна присутните со нејзиниот начин и стил на пишување додека самата Ана Дедова на еден слободен начин зборуваше за инспирациите кои ги доживува пред да ги напише делата.

С. Ивановски