ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ

мај 20, 2023
1 минути

По повод 20-ти Мај „Денот на пожарникарите“, Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов во друштво со своите најблиски соработници ја посети Територијалната Противпожарна Единица – Кочани. и Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани.

Градоначалникот при своето обраќање најпрвин им се заблагодари на пожарникарите и на доброволците пожарникари за сето она што го имаат направено за да ги заштитат своите сограѓани и природните добра, а потоа им ги додели признанијата на најдобриот пожарникар и на најдобриот доброволец пожарникар.

Наградата за најдобар пожарникар во 2022 година му беше врачена на Влатко Јефтимов од ТППЕ – Кочани, а наградата за најуспешен доброволец пожарникар што за прв пат се доделува оваа година му беше врачена на Мирче Павлов од ДПД – Кочани.

Мирче Павлов исто така од своите соработници доброволци пожарникари прими посебна благодарница.

Во своето обраќање пред присутните, Командирот на ТППЕ – Кочани Драган Апостолов истакна дека во 2022 година ТППЕ – Кочани има вкупно 280 интервенции за гаснење на пожари и технички интервенции при што биле опожарени 161,9 хектари . Согласно законот за пожарникарство ТППЕ – Кочани ги покрива и опслужува и Општините Зрновци и Чешиново-Облешево. Од вкупно 280 интервенции ТППЕ – Кочани само на територијата на Општина Кочани има извршено 209 интервенции од кои 35 пожари на објекти, 116 пожари на отворен простор, 3 шумски пожари, 12 пожари на ПМВ. 23 технички интервенции, и 20 поплави. Во периодот од 01.01-20.05.2023 година вкупно има 114 интервенции од кои 86 на територијата на Општина Кочани, (18 пожари на објекти, 60 пожари на отворен простор, 1 шумски пожар, 2 пожари на ПМБ и 5 технички интервенции). На крајот Апостолов ја истакна мошне добрата соработка со ДПД-Кочни и при тоа им  упати голема благодарност.

Домаќините за своите гости организираа коктел-дружење а по неговото завршување продефилираа низ улиците на Кочани, што наиде на позитивна реакција кај населението бидејќи ова е прв пат вака да се одбележи денот на пожарникарите.

Нека им е честит празникот.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ