ПСК „ОСОГОВО“ ЗА ЕДНА СЕДМИЦА ИСКАЧЕНИ ЧЕТИРИ ВРВА ПОВИСОКИ ОД 4000 МЕТАРИ

јуни 30, 2024
0 min read

ПСК „Осогово“ од 19 до 26 ти Јуни реализира високогорска седумдневна клубска Алпска експедиција која се движеше преку Италија ,Франција и Швајцарија со искачување на врвовите: Брајтхорн 4156 мнв Пирамида Винсент 4215 мнв Балменхорн 4167 мнв

По многу лоши и тешки услови тимот кој беше предводен од искусниот водич Александар Кирковски се соочи со многу лоши временски услови , многу природни непогоди но сепак успеа да ги преброди сите пречки и ја постигнеме нашата зацртана цел.

Последниот врв Мон Блан поради инзворедно тешки услови го искачивме 70 % но поради загрозување на нашата безбедност моравме да се вратиме во базниот камп. донесовме тешка одлука кога одлучивме од половина пат се повлечеме од Мон Блан.

.,Но и во вакви тешки временски услови не ни го скршија духот и атмосверата за да ја постигнеме нашата цел и се радуваме за постигнатите резултати.

Благодарност до сите кој беа дел од оваа успешна експедиција. Сметаме дека нашата експедиција е прва Експедиција која што во таков краток период успеала да искачи три врва над 4000 мнв.

ПСК „Осогово“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ