Денеска, во салата за состаноци на хотел „Амор“ се одржа работен состанок помеѓу градоначалниците на општините во кои припаѓа територијата на заштитеното подрачје Осоговски Планини, односно градочалникот на Општина Кочани заедно со градоначалниците на општините Макeдонска Каменица, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, претставници од Телото за управување со ЗП „Осоговски Планини“ и претставници од Македонско еколошко друштво.
На работната средба беа разгледани проблемите со дивите депонии кои се наоѓаат на заштитеното подрачје Осоговски Планини, изнаоѓање решенија за истите и начини за нивно отстранување.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ