РЕАКЦИЈА НА ОБЈАВАТА НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ ОД ЛИЦЕ ЗА ПОДДРШКА ВО СПОВЕДУВАЊЕ НА КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

јануари 20, 2022
0 min read

Според извршениот увид на лице место, утврдено е дека именуваниот објект е наменет за живинарска фарма и постои подолго време.

Поради непогоди од невреме и лоши временски услови, оштетена е кровната конструкција и затоа од страна на сопственикот се извршени лимарски работи, опшивки. Задолжените служби од Општина Кочани беа благовремено известени за сите планирани активности и не е постапувано против законските регулативи.

Александар Петров

Лице за поддршка во спроведување на комунални дејности во Општина Кочани