Жители од горниот крак на улицата „Илинденска“ во Кочани испратија допис и фотографии преку кои реагираат на нееднаквиот однос на надлежните од Општина Кочани кон нивниот проблем кој еве се провлекува неколку години. Во реакцијата стои:
„Ве молиме да го објавите нашиот допис и да ги приложите само еден дел од фотографиите кои ги поседуваме а се направени денес вторник на еден дел од улицата Илинденска. Досега неколкупати реагиравме кај надлежните во општината дека нашата улица е проблем кој еве го имаме неколку години. Пред изборите адаптацијата од улицата Илинденска беше еден од ветувањата дека за кратко време ќе се санира, поточно ќе се стави нов асфалтен слој. Улицата можеби една од најтесните во општината подолго време е во лоша состојба. Како ќе се извршат поправки така се остава истата и денес е целата крпеници. Кога се започна асфалтирањето на како што најавија на Илинденска бевме радосни бидејќи конечно и ние ќе можеме безгрижно да се движиме по улицата а и да ги возиме нашите возила. За жал се направи еден дел, односно еден крак додека нашиот дел остана по се изгледа за новите локални избори да биде како дел од нови ветувања, од нови лаги. Ве молиме да ги објавите фотографиите кои можеби ќе допрат до одговорните во општината и ќе се сетат дека и на оваа улица живеат луѓе кои со свои средства го полнат буџетот на општината. Доколку и овој пат се оглушат на нашите барања подобро ќе биде да не доаѓаат пред локалните избори за да повторно ни кажуваат лажни ветувања, Ви благодариме за отстапениот простор“.
Жители од улица Илинденска
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ