Дел од жителите на улицата „Раде Кратовче“ со отворена реакција кон надлежните во Општината. Како што наведуваат тие не се воопшто задоволни од изведувачот а и од инвеститорот за завршување на започнатата работа на нивната улица.
„Апелираме до надлежните во општината која воедно е и инвеститор да седнат на маса со изведувачот на градежните работи Ленди Груп од Скопје и да се договорат конечно да се завршат работите што се започнати. Улицата повеќе од половина година е со изгребен асфалт што значи се подготвуваше за поставување на нов слој асфалт, кратерот кој е на сред улица и е над училиштето Раде Кратовче секој ден прави проблеми на возачите а особено ноќно време кога видливоста е мала. Пред три седмици ги раскопаа тротоарите и ветија дека ќе се поставува бекатон плочи. До денес се е така оставено. Деновиве дождовите почнаа да прават проблеми преку ископаниот тротоар затоа и апелираме на брзо завршување на работите. Досега имавме трпение и замолуваме или да се заврши почнатата работа или ако веќе Ленди Груп се распослани на неколку улици со мал број вработени, да ја врати првчната состојба на тротоарите. Во спротивно доколку имаме некоја штета од некое невреме ќе бидеме принудени да ја тужиме општината како инвеститор за да ни ја надомести штетата што се надеваме дека нема де случи“ е реакцијата на жителите што ја добивме во писмена форма.
Жителите се во право бидејќи улицата подолг период се спрема да се заврши но никако да дојде до тоа. Дознаваме дека компанијата изведувач ги започна подготовките за тротоарите кои ги ископа па наместо да продолжи таа со работната сила и со механизацијата се префрлила на нова локација односно на улицата „Гошо Виќентиев“.
п.с. Некои од фотографиите се направени минатата седмица
С. Ивановски