РЕАКЦИЈА НА ЖИТЕЛИТЕ ОД УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“ ДОЛНИ КРАК ВО КОЧАНИ

декември 25, 2025
1 минути

Жителите од улицата „Илинденска“ долни крак во Кочани реагираат на негрижата од надлежните за проблемите со нивната улица.

Како што истакнуваат нивни проблем е оштетениот дел од улицата кој во овие зимски услови, посебно кога врне дожд им претставува голем проблем.

 

Пред повеќе од половина година на улицата бил поставен нов асфалтен слој и направени две шахти за одвод кои водата ја спроведуваа во главната канализација.

Но тогаш како го ископале асфалтот, така го оставиле па морале тие самите со нивни средства да го бетонираат. Но корисниците во сообраќајот полека го оштетиле бетонираниот дел и сега се собира вода која оди во долниот дел на куќите.

Реагирале до општината од каде им биле испратени двајца вработени кои „го решиле проблемот“ со тоа што им кажале дека кога тие самите си го бетонирале оштетениот дел од асфалтот не ставиле арматура, им рекле и си заминале.

Тие бараат оние кои не си ја завршиле домаќински работата да дојдат и додека нема снегови и чести дождови да извршат санација.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ