Група рекреативци ни испратија еден краток допис и неколку фотографии направени од околните ридови, се со цел подетално да ни ги опишат проблемите со кои се судруваат а со единствена причина, депонијата која никако да престане да испушта чад и непријатен ирис.
„Почитувани пријатели, денес ние љубителите на природата намерно се поделивме во неколку групи се со цел да утврдиме до каде се оди чадот и непријатната миризба што деновиве ја испушта депонијата, односно црната чума на Кочанчани. Едната фотографија ви е од селото Лешки. Таму веќе неколку дена се чувствува непријатен мирис а чадот длабоко навлегува во првите куќи. Друга фотографија е направена над браната Гратче која веќе е завиена со густиот чад и непријатна миризба и веќе е стигната до Мегдано. Ве молиме фотографиите и текстот да ги објавите и да ги предупредите викенд рекреативцие, нашите сограѓани кои секојдневно пешачат од Бавчалук кон брана Гратче како и кардио болните, дијабетичарите и останатите да не го прваат тоа овие денови зошто чумата ќе ги дотолчи. Не дај Боже ветерот да сврте кон градот бидејќи ќе мора сите да се евакуираме во своите домови бидејќи ова не е само загадување од ПМ честички туку е опасно канцерогено загадување со највисок ризик. Една наша група замина и кај изворот на загадувањето, кај депонијата. Таму нема присутни фирми ниту од Битола ниту од некаде кои ќе ја гаснат депонијата. Јавно прашуваме имаат ли одговорните малку совест за да го најдат решението на овој проблем, срамно и тажно е вака индиферентно да се однесуваат и локалните и централните институции. Се надеваме дека ова ќе допре до сите и дека ќе почнат да се занимаваат со овој сега веќе голем проблем не само за жителите на Кочани туку и за жителите од околните села“.
Група љубители на природата