По една седмица пауза поради настапите на Македонската фудбалска репрезентација, утре (Сабота) продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига – Исток.
На програмата се натпреварите од 21 коло во кое како централен настан е регионалното дерби во Македонска Каменица каде домаќинот „Каменица Саса“ го пречекува „Осогово“. Трите бода за домаќините се опција во борбата за највисок пласман, додека „жетварите“ кои на последните натпревари играат добро оптимистички патуваат во „градот на рударите“ и се надеваат на целиот плен.
Во Виница по турбулентната седмица страстите се смируваат и домаќините со доза на голем оптимизам го пречекуваат „Детонит јуниор“ и најавуваат продолжување во борбата за првото место.
На преостанатите три натпревари потенцијални фаворити се домашните екипи што не ја исклучува можноста за некое евентуално изненадување.
Двојки за 21 коло:
„Каменица Саса“ – „Осогово“
„Слога 1934“ – „Детонит јуниор“
„Пехчево“ – „Кожуф“
„Беласица“ – „Локомотива“
„Победа“ – „Братство“
Натпреварите започнуваат во 15:00 часот
С. Ивановски