ОФС КОЧАНИ ГО ОДРЖА ГОДИШНОТО РЕДОВНО СОБРАНИЕ, СИТЕ ТОЧКИ ОД ДНЕВНИОТ РЕД УСВОЕНИ

Во Спорт
февруари 4, 2023
0 минути

Денес во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани го одржа Годишното редовно Собрание.

Од вкупниот број на 20 делегати на Собранието присуствуваа 19 што според пропозициите истото несметано се одржа. По усвојувањето на Дневниот ред на присутните се обрати Лазар Ракиџиев, потпретседател на ФФМ и член  на УО на ФФМ кој посака плодна работа на Собранието.

Откако беа избрани Работните тела (работно претседателство, записничар, оверувачи на записникот и верификациона комисија) беше едногласно подржан и усвоен записникот од Редовното Изборно Собрание одржано на 15:12. 2021 година, беше Усвоена Годишната сметка и Извештајот за работа на Претседателот на ОФС Кочани.

Со присуството на Лазар Ракиџиев и Владимир Гашевски членови на УО на ФФМ Собранието на ОФС Кочани доби илегитимитет.

С.  Ивановски