РЕКОНСТРУКТИВНИ АКТИВНОСТИ ВО ДВЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

декември 9, 2021
1 min read

Во тек се реконструктивни работни активности во две училишта во општина Кочани. Станува збор за реконструкција на кров и адаптација на тоалет за лица со посебни потреби во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани и реконструкција на кров, фасада, адаптација на тоалет и изградба на пристапна рампа во ОУ „Никола Карев“ – Кочани.

Деновиве беа одржани и состаноците наменети за вовед во работа во објектите предвидени за реконструкција. Присутни беа изведувачите, претставници од надзорите задолжени за следење на работните активности при реконструкцијата и претставници од Министерството за образование и наука и Општина Кочани. Како изведувач при работните активности во ОУ „Никола Карев“ – Кочани се јавува „АТРИУМ“ – Вевчани, додека во ООМУ Ристо Јуруков -Кочани изведувачот „ИНКОМ ИНЖЕНЕРИНГ“ – Скопје.

Реконструктивните проекти се воведени во работа и работните активности ќе бидат прилагодливи со оглед на тоа што училишната година е во тек.

Целовкупната предвидена реконструкција е во рамките на проект одобрен од Министерството за образование и наука.

Општина  Кочани