„РУДАРИТЕ“ ПАДНАА КОГА НАЈМАЛКУ СЕ НАДЕВАА

Во Спорт
февруари 23, 2026
1 минути

Традиционално незгодната екипа за „Осогово“, „Каменица Саса“  конечно доживеа пораз во Кочани. Кочанчани требаше да чекаат седум години па да извојуваат победа како домаќини против „рударите“.

Денешниот натпревар кој се одигра по студено време и пред околу четиристотини гледачи, од кои еден дел дојдени и од Македонска Каменица помина во игра со многу надмудрувања. Гостите претежно се бранеа и својата шанса ја бараа во контра нападите.

Претпазливата игра траеше се до втората минута од судиското надополнување. Играчите на „Осогово“ беа во еден од последните напади кон голот на Симон Стојковски, следуваше убав центар шут од десната страна, топката ги прелета сите играчи во „срцето“ на шеснаесетникот, дојде до осамениот Јусуф Алпај кој го отвори стапалото и шутираше кон противничкиот гол, голманот интервенираше но топката заврши во горниот дел од мрежата.

Ерупција од воодушевување и на теренот и на трибините.

Овие три бода и те како значат за „жетварите“ во борбата за сигурен опстанок во лигата.

Резултати од 16-тото коло:

Осогово – Каменица Саса  1:0

Тетекс – Вардар (Н)  2:0

Кожуф – Брегалница  2:0

Победа – Новаци  0:5

Шкендија (А) – Преспа  4:1

Беласица – Охрид  0:1

Слога 1934 – Скопје  0:4

Детонит Плачковица – Големи Коњари  6:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ