САНИРАН ПОВЕЌЕГОДИШЕН ДЕФЕКТ

декември 19, 2025
0 минути

По пријава од страна на станарите до градоначалникот Владко Грозданов, отстранет е повеќегодишен дефект на цел блок од зградите под “Опатија”, во населбата Тикешински Лозја.

Станува збор за формиран базен од вода под самите згради и самите темели на зградите, состојба проследена со енормни загуби на вода од 7 литри во секунда.

Во соработка со КЈП “Водовод”, со експресната реакција на градоначалникот и на директорот на КЈП, Дејан Анакиев, овој дефект е отстранет во целост.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ