СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА КРУЖНИОТ КАЈ АТОМСКИТЕ ЗГРАДИ

август 13, 2023
1 минути

Доцна синоќа нешто после 01:00 часот кај кружниот во близина на „Атомските згради“ се случила сообраќајна несреќа која за среќа поминала со материјална штета.

Дознаваме дека лице кое возело патничко моторно возило Фиат „Панда“ со брзина поголема од пропишаната на излез од градот удрило во кружниот, а од силината на ударот ја пробил металната ограда и паднал врз три возила сопственост на „AUTO  WELT“.

Полицијата работи на откривање на причините кои довеле до оваа сообраќајна незгода.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ