Се асфалтира улицата „Борис Трајковски“, со што привршува нејзината рехабилитација во должина од 785 м.
Градежните активности опфатија и реконструкција на тротоарите од двете страни со поставени нови улични рабници. При уредувањето на пешачката површина беше поставена подземна електрична инсталација.
Изведувач на работите е градежната фирма „Ескаваторе“, надзор – „Геинг“, а инвеститор е Министерството за транспорт и врски, со средства од Светска банка.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ