За каква чиста животна средина се бориме навистина не е јасно.
Деновиве бевме сведоци кога „Кај антената“ екипа на КЈП „Водовод“ ја исчистеше вештачки создадената депонија, кога денес на стотина метри над „Бавчалук“ забележавме нова за почеток мала депонија, на која ако се продолжи да се фрла смет ќе стане поголема.
Чудно е што некој што го фрлил сметот добро се „помачил“ се спуштил од патот и сметот го оставил многу блиску до реката.
Дефинитивно, за овој народ не помагаат апелите, па затоа можеби казните се единствениот лек.
Бидејќи здравјето на луѓето е поважно од не малиот паушал на советниците, апелираме до нив да час поскоро донесат одлука за казнување на сите оние кои од ден на ден го фрлаат сметот онаму каде што ќе им текне.
За да сето тоа функционира поефикасно, на оној што ќе го документира сторителот што го фрла сметот да му се даде половина од казната што ќе ја плати лицето кое не сака да ја чува чистата животна средина.
С. Ивановски