СЕ РАСЧИСТУВА ПАДНАТ ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦА „БОРО ЛОВЏИЈА“

јуни 26, 2023
1 минути

Вчера во вечерните часови падна потпорен ѕид на улицата “Боро Ловџија” во Кочани. По невремето кое го зафати градот и околината, ѕидот се урна и земјата се излизга на самата улица. Засега не се пријавени штети.

Дежурните екипи на КЈП “Водовод” Кочани денес интервенираат и вршат расчистување на теренот.
Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од неколку метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови, односно наносот на поројниот дожд кој вчера го зафати Кочани. Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не преставува опасност при движењето на возилатa.

Ја известуваме јавноста дека градот функционира непречено, а дополнителна работа ќе има и во наредните неколку денови во насока на целосно расчистување на последиците од невремето.


КЈП „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ