Две теренски возила со осум пожарникари од Територијалната Противпожарна Единица – Кочани и едно возило со седум доброволци од Доброволното Противпожарно Друштво Кочани повеќе од пет часа го гаснат пожарот кај селото Главовица,
Пожарот е забележан околу пладне а дежурните во Територијалната Противпожарна Единица – Кочани биле известени во 14:30 часот.
Гори нискостеблеста шума, сува треба а се зафатени и дрвјата од шумата.
Поради лошата достапност на теренот побарана е помош да се интервенира и со хеликоптер за гаснење на пожарите, но истиот веќе бил пратен кај селото Будинарци каде според информациите до кои што дојдовме гори борова шума.
Во моментот (20:00 часот) пожарот уште се гаси во Главовица.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ