СЕ ТРАГА ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ ОД СЕЛО ГРДОВЦИ

мај 3, 2024
0 минути

Како што не информираат, во моментот екипа од  ДПСС (Доброволната Планинска Спасителска Служба)  „Осогово“ – Кочани е во потрага по изгубено лице од село Грдовци.

По добиениот повик од бројот 112, дванаесет членови на спасителската служба излезени се на терен.

Во исклучително тешки услови се трага по лице во атарот на Општина Зрновци, а дополнителен проблем како што истакнуваат им прави надојдената Зрновска река.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ