СООПШТЕНИЕ ОД УПРАВА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ

јуни 30, 2022
1 минути

ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

(локално невреме)

Следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена.

И покрај топлото време поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.

И во Скопската Котлина следува период на многу топло време со високи минимални и дневни температури. До понеделник ќе има услови во попладневните и вечерните часови во делови од Скопската Котлина да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Дежурен синоптичар:

Јована Тасеска

Раководител на Сектор за прогноза и предупредување:

м-р Рада Аврамовска

в.д. Директор,

м-р Ивица Тодоровски