СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА „ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА“ ОДРЖАА МИТИНГ ВО КОЧАНИ

мај 3, 2024
0 минути

Вечерва во Кочани СДСМ и коалицијата „За Европска Македонија“ го одржаа најавениот митинг.

Пред кочанчани зборуваа Душанка Горгиева Трпевски – кандидат за пратеник од Изборна Единица 3,  Љупчо Николовски – коносител на Изборна Единица 3,  Сања Лукаревска – носител на Изборна Единица 3 и Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ кои во пресрет на двојните избори закажани за 8 Мај испратија порака:

„На 8 мај само вие, со моќта на вашиот глас одлучувате во каква држава ќе живееме сите, ве повикувам на масовен одзив на двојните избори, на активно учество во креирањето на сопствената иднина бидејќи во демократијата најчесто гласовите на оние кои не излегуваат на гласање го одредуваат победникот. На дофат ни е членството во Европската унија, не дозволувајте да не тргнат од тој пат, алтернативата на тој пат е погубна за Македонија. И сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат и да не забораваме дека секогаш најтешките битки ги водел СДСМ, од осамостојувањето до денес“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ