На 20.03.2022 во 03.46 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул..„Тодосија Паунов“ во Кочани настанал пожар во патничко моторно возило во движење „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.И.(35) од с.Драгобраште.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани.
Повредени лица нема, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.
ИЗВОР: Дневни билтени од СВР Штип