На Меѓународниот карате турнир „Солидарност“ што денес се одржа во Скопје, каратистите на Карате Клуб „Кочани“ настапија со седум натпреварувачи и освоија седум медали од кои 2 златни, 1 сребрен и 4 бронзени.
Двете златни медали ги освои Наталија Карова во категоријата јуниорки до 48 и до 53 килограми. Сребрениот медал и припадна на Душанка Ристова – помлади кадети до 40 килограми, а бронзените ги освоија: Алексеј Ристов – ученици до 34 килограми, Илина Костадинова – ученици до 40 килограми, Катерина Стојановска – ученици + 44 килограми и Лука Златков – помлади кадети до 52 килограми.
„Задоволен сум од настапот на сите наши натпреварувачи. Адриан Илиевски имаше одличен настап, одлично ја водеше борбата но на три секунди пред крајот противникот освои поен и нашиот претставник остана на петтото место. Најдобар впечаток остави Алексеј Ристов кој настапи во потешка категорија против постари противници и сосема заслужено стана трет. Пријатно сум изненаден и од Лука Златков кој воодушеви со својот настап.,Честитки до сите наши натпреварувачи“ беше изјавата на тренерот на КК „Кочани“ Игор Каров.
На турнирот учествуваа повеќе од 450 натпреварувачи.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ