Вечерва во Кочани во присуство на претставници од клубовите кои ја платиле котизацијата за натпреварите во Трета Фудбалска Лига – Исток беше извршено најавеното жребување.
„Карбинци“, „Овче Поле“ (Свети Николе), „Рудар“ (Пробиштип), „Малеш“ (Берово), „Дојранско езеро“ (Докран) и „Чешиново 2015“ се имињата на екипите кои се најдоа во „шеширот“.
Според информациите до кои дојдевме благодарение на еден од претставниците на клубовите можно е бројот на екипи да биде зголемен а конечно се ќе се знае веќе во Понеделник.
Првото коло кое ќе се игра во Недела на 20 Март се среќаваат:
„Карбинци“ – „Овче Поле“
„Малеш“ – „Чешиново 2015“
„Дојранско езеро“ – „Рудар“.
Времето на натпреварите дополнително ќе биде познато.
С. Ивановски