Утре (Сабота) започнува третиот круг од натпреварите во Трета Фудбалска Лига Исток. На програмата се натпревари од 19-тото коло во кое сите домаќини се прогласени за фаворити, но фудбалот е интересен токму поради изненадувањата што често се случуваат.
„Осогово“ во ова коло ќе ја има за противник екипата на „Локомотива“ со која нема баш добро искуство кога се годинешните натпревари, посебно на домашен терен. Во есенскиот дел иако „жетварите“ имаа предност од 2:0 предвреме се опуштија и му дозволија на противникот со еден бод да си замине од Кочани. Затоа и претпазливоста на стручниот штаб на кочанскиот второлигаш пред утрешниот дуел е оправдана.
За утрешниот натпревар сите службени лица се од Скопје. На центарот ќе биде Ивана Пројковска а ќе и помагаат Бесар Абдули и Стефан Стојановски, Четврти судија е Александар Василевски, делегат Хајро Бабачиќ а контролата му е доверена на Тони Стојановски.
Двојки од 19-тото коло:
„Осогово“ – „Локомотива“
„Слога 1934“ – „Пехчево“
„Каменица Саса“ – „Братство“
„Беласица“ – „Детонит Јуниор“
„Победа“ – „Кожуф“
Натпреварите започнуваат во 15:00 часот.
С. Ивановски