ЖРЕБУВАЊЕ ЗА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК

Во Спорт
март 11, 2022
0 минути

Според најавите за денес во 18:00 часот е закажано жребувањето за натпреварите во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Најавено е дека во шеширот ќе треба да се најдат имињата на десет клубови, но сепак право на настап ќе имаат само оние кои до денес ќе ја извршат уплатата (котизација) во висина од 60.000,00 денари

Доколку не биде се како што треба тогаш според информацијата од Претседателот на ОФС Кочани Александар Андов во понеделник на состанокот Управниот Одбор ќе одлучи како ќе се делува понатака.

Сепак надежта е дека ќе има доволно број на екипи со платена котизација за да може почетокот на првенството да започне во планираниот рок а тоа е следниот викенд.

С. Ивановски