Среда, 22:05 часот, Градски Трговски центар – Кочани. Фотографиите јасно покажуваат како и деца се изживуваат на општествениот имот поставен да се собира сметот, а нема кој да ги опомене не пак да ги повика Нивните родители на информативен разговор.
Ниту полицијата е присутна, ниту пак граѓаните иако сето ова го гледаат не се занимаваат бидејќи ова се веќе секојдневни сцени.
Што да се каже после сето ова, децата имаат права загарантирани со закон а дали има закон според кој се предвидени обврските на децата, е прашањето на кое одговор треба да дадат политичарите.
За жал такво нешто ниту има, ниту некогаш некој ќе предвиде.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ