СИГУРНА ИГРА, СИГУРНА ПОБЕДА ЗА „ОСОГОВО“

Во Спорт
мај 6, 2025
1 минути

Уште една победа и нови три бода за екипата на „Осогово“ која денес како домаќин ја совлада мошне добрата екипа на „Новаци“ со резултат 2:0 (0:0) во натпревар кој се одигра во рамките на 28-то коло во Втора Фудбалска Лига.

Првото полувреме помина во игра без возбудувања пред голманите на двете екипи ако не се смета киксот на домашниот голман Бојан Сандев кој по едно лошо исфрлување на топката таа дојде до противниците играчи кои не успеаја да ја погодат празната мрежа.

Второто полувреме домаќините го започнаа со решеност да што побргу ја затресат противничката мрежа. Се играше 48’ кога по еден центар шут по земја од левата страна, топката дојде до осамениот марио Симоски кој со одмерен удар го погоди долниот лев агол на немоќниот гостински голман Николче Симоновски.

По водството домаќините ја смирија играта а гостите се обидуваа нешто повеќе да сторат но нивните напади во главно завршуваа пред домашниот шеснаесетник.

Се играше 78’ кога домашниот играчСтојче Стојов упати една теледелегирана топка која патуваше повеќе од триесет метри, до неа дојде Марио Симоски и со манир на искусен играч го исфрли од игра својот чувар па не му беше тешко да го матира по втор пат голманот на „Новаци“.

Се на се интересен натпревар во кој победата на домаќините е повеќе од заслужена.

Во сенка на ова коло се случувањата во Гевгелија за кои сите љубители на фудбалот во Македонија се надеваат дека ќе има правда при донесувањето на одлуките.

Резултати од 28-то коло:

Осогово – Новаци  2:0

Вардар – Македонија ГП  0:1

Борец – Аресими  2:4

Брегалница – Беласица  1:0

Детонит Плачковица – Охрид  3:2

Кожуф – Башкими  1:2

Скопје – Победа  0:0

Вардарски – Каменица Саса  1:4

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ