ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ПОБЕДИ НА ФАВОРИТИТЕ

Во Спорт
април 18, 2022
0 минути

Се одиграа натпреварите од 4 коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Фаворитите прокнижија по три бода. Екипите на „Овче Поле“ и „Дојранско Езеро“ се без ниту еден изгубен бод и за тоа кој ќе биде прв по првиот дел од натпреварите ќе одлучи нивниот меѓусебен дуел следното коло во Свети Николе.

Резултати од 4 коло:

„Дојранско Езеро“ – „Карбинци“  2:0

„Чешиново 2015“ – „Рудар“  1:4

„Малеш“ – „Овче Поле“  0:1

На табелата водат „Овче поле“ и „Дојранско Езеро“ со по 12 бода, пред „Рудар“ 4, „Малеш“ 2, „Карбинци“ 2, „Чешиново 2015“ 1 бод.

Во следното 5 коло се среќаваат:

„Овче Поле“ – „Дојранско езеро“

„Карбинци“ – „Чешиново 2015“

„Рудар“ – „Малеш“

С. Ивановски