СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД УПОТРЕБА НА ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА

декември 23, 2025
1 минути

Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи Кочани денеска во Градскиот трговски центар спроведоа симулациска вежба за превенција од употреба на пиротехнички средства.

Преку реалистичен приказ на настаната повреда од пиротехничко средство – петарда, обучени волонтери по прва помош укажуваа помош и прва психолошка помош на повредено лице.Полициски службеници од ОВР-Кочани воспоставија безбедносен периметар, ја смируваа ситуацијата и ги отстрануваа останатите лица од зоната на опасност.


Целта на симулациската вежба е да се подигне колективната свест за опасностите и сериозните последици од употреба на пиротехнички средства, особено кај младите и децата.

Вежбата имаше за цел да ја истакне важноста на превенцијата, законската одговорност, како и значењето за навременото и правилно давање на прва помош.

Симулациската вежба се реализира во рамки на националната кампања за превенција од употреба на пиротехнички средства  која се спроведува во седум градови во државата, во заедничка организација на МВР И Црвениот крст.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ