СИНОЌА ВО ПАНТЕЛЕЈ ОРГАНИЗИРАНО НАБЉУДУВАЊЕ НА МЕТЕОРСКИОТ ДОЖД ПЕРСЕНДИ

август 13, 2025
1 минути

Во рамките на програмата  за млади „Лето во друштво“, организирана од Центарот за психосоцијална и кризна акција Малинска, со поддршка од Општина Кочани и Сапорт Кочани, младинци, но и деца и возрасни од Кочани и од околните општини учествуваа во една необична, магична ноќ под ѕвездено небо, набљудувајќи метеори и неколку болиди.

Членови на Скопското астрономско друштво им ја приближија астрономијата на учесниците во програмата, нивните пријатели и семејства, како и на сите останати што учествуваа на несекојдневниот настан.

Оваа содржина од програмата „Лето во друштво“ е реализирана како дополнителен поттик младите да гледаат кон небото, да се занимаваат со наука и да се приклучуваат кон разни друштва кои делат интереси, но и да создаваат свои друштва и иницијативи во кои ќе се пронаоѓаат и ќе создаваат заеднички моменти.

Изминативе два дена во програмата „Лето во друштво“ се реализираше фотографската работилница за цијанотипија, психолошки работилници, како и тимската олимпијада.  Активностите продолжуваат со завршната работилница од серијата за цијанотипија и со работилницата на тема Токсични релации.

Општина  Кочани

Фотографии: Europe House Skopje и Europe House Kriva Palanka

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ