Скромно, но достоинствено денес вработените и учениците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ го одбележаа патрониот празник на училиштето кој на 24 Мај се одбележува како Ден на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј.
Откако училишниот хор ја отпеа државната химна а со минута молчење беше оддадена почит на настраданите во дискотеката Пулс, на присутните им се обрати директорот на училиштето Драган Трајчев.
Поздравувајќи ги присутните гости Трајчев зборуваше за значењето на 24 Мај како и за мисијата на браќата Кирил и Методиј, за да на крај ги спомне учениците од училиштето кои учествувајќи на многу училишни натпревари освоија голем број на признанија со кои самото училиште се гордее.
На крајот од денешната скромна церемонија директорот Драган Трајчев ги врачи признанијата на најдобрите ученици како и на учениците за најдобри ликовни и литературни творби.
Најпрвин беа доделени пофалници на учениците Вероника Ѓоргиевска, Јован Соколов и Андреа Тасова за постигнатиот успех во образовниот процес за генерацијата 2021-2025, за да потоа биде прогласена најдобрата во добрите а тоа е ученикот на генерацијата. Честа да го добие ова признание сосема заслужено и припадна на ученичката Матеа Глигорова.
Признанија им беа врачени и на:
За ликовен конкурс од предметана настава:
Стефан Коцев, Деа Димитрова и Михаела Грозданова
За ликовен конкурс од одделенска настава:
Илина Ристова, Дамир Богданов и Каталеа Петровски
За литературен конкурс од предметна настава:
Андреа Симеонова, Божидар Трајчев, и Лана Лазарова
За литературен конкурс од одделенска настава:
Дарија Атанасова и Данило Тенев
По врачувањето на наградите пред бистата на СВ. Кирил и Методиј делегации од Општината, вработени ово училиштето, претставници на партии и здруженија како и голем број на ученици положија свежо цвеќе.
ж
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ