Благодарение на предлогот на советникот Венко Крстевски кој подоцна беше подржан од сите советници, дел од кочанчани ќе можат да ја поминат највеселата ноќ во „Паркот на Револуцијата“
Дочекот ќе биде како дел од програмата „Новогодишен базар“ а истата ќе започне во 20:00 часот и ќе трае се до 02:00 часот, време во кое ќе има добра музика, забава и се надеваме прекрасна новогодишна атмосфера.
За сето она што добро ќе се случува од забавниот дел ќе се погрижи Time Out и Habana Breez Band, како и DJ Mike Rose.