Со крунисувањето а „Жетварската убавица“ свечено беше отворено 32. издание на манифестацијата „Кочански денови на оризот 2023“
Годинешното гласање за изборот на жетварската убавица беше спроведено онлајн а на истото се гласаше за седум прекрасни девојќи.
Според бројот на гласови годинешната титула „Жетварска убавица“ и припадна на Моника Миткова, прва придружничка е Стефанија Соколова, а втора Ивона Ефтимова:
Крунисувањето и наградите на сите седум учеснички им ги врачи Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.
Во пресрет на крунисувањето на „Жетварска убавица“ посетителите во „Паркот на Револуцијата“ ги забавуваше групата „Nomad“ како и уличниот театар и огненото шоу „Fireter“, а по крунисувањето забавата продолжи со музичкиот настап на групата „Mal&nov & Special Selecion“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ