Уште една прекрасна вечер, уште еден прекрасно културно-забавен програм организираше менаџерскиот тим на Приватната Детска Градника „Амичи“ од Кочани по повод Новогодишните празници.

Дечињата насмеани, распеани и разграни ја испратија годината на заминување а заедно со традиционалните Баба Мразици изразија задоволство што доаѓа Новата Година.

И годинава салата во „Мултикултурниот Центар“ во Кочани беше претесна да ги прими родителите, роднините и пријателите на дечињата од оваа градинка.

А оние што присуствуваа на забавата, заедно со дечињата беа дел од оваа програмата. И тие пееја и играа што уште повеќе ги направи среќни оние што беа на сцената.

ПДГ „Амичи“ по кој знае кој пат го положи испитот.
Секоја чест за организацијата и за забавата.





С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
