СО СРЦЕ ОСТАВЕНО НА ТЕРЕН И УМ ВО ГЛАВА „ОСОГОВО“ ГО СОВЛАДА ЛИДЕРОТ „ОХРИД“

Во Спорт
март 3, 2026
1 минути

Продолжува победоносниот пролетен од на „жетварите“. Денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани по сончево и прекрасно време за игра во натпревар од 18-тото коло „Осогово“ го надигра лидерот на табелата „Охрид“ во сите елементи на фудбалската игра и сосема заслужено слаеше со 1:0 (1:0).

Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат во 42’ кога по прекрасниот центар шут на Поп Антоски Христијан на топката натрча ветеранот Стојанчо Велинов и од само неколку метри го совлада немоќниот Дамјан Серафимов.

До и после постигнувањето на погодокот играчите на тренерот Крсте Крстев играа мудро паметно и го оставија срцето на теренот. Освен постигнатиот погодок кочанчани имаа уште 2-3 поволни прилики кои за жал на публиката не ги искористија. Спротивно на домаќините, екипата на „Охрид“ која е лидер на табелата не покажа речиси ништо. Единствената шанса на натпреварот ја имаа во 74’ но еден домашен играч со глава од самата гол линија ја исфрли топката во корнер.

Судијата  Доне Ристовски и овој пат покажа дека кога му суди на „Осогово“ суди на негова штета. Некои одлуки на Ристовски ја иритираа публиката па со свирежи беше испратен во соблекувалната. Најголемата забелешка на кочанската публика кон недораснатиот за второлигашки натпревари Доне Ристовски ја направи во второто полувреме кога еден гостински играч со рака ја спречи топката да не заврши кон голот на Охриѓани , но Доне Ристовски така „суди“ а некој упорно го форсира.

Освен „Охрид“ во ова коло и второпласираната „Шкендија“ од Арачиново е поразена и тоа на домашен терен од мошне добро склопената екипа на „Скопје“. Киксот на водечките две екипи не го искористи „Брегалница“ која ремизираше против „Тетекс“ . „Слога 1034“ како домаќин уште во првото полувреме беше торпедирана од „Детонит Плачковица“ а како домаќини загубија и „Победа“ и „Вардар“ од Неготино.  „Кожуф“ како домаќин извлече бод во последните моменти од средбата.

Резултати од 18-тото коло:

Осогово – Охрид  1:0

Тетекс – Брегалница   0:0

Вардар (Н) – Новаци  1:2

Кожуф – Каменица Саса  2:2

Победа – Преспа  1:5

Шкендија (А) – Скопје  1:2

Беласица – Големо Коњари  (натпреварот се игра утре, Среда)

Слога 1934 – Детонит Плачковица  0:4

Во следното коло „Осогово“ му гостува на „Скопје“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ