Во петокот пред викенд деновите активисти на повеќе локации во градот и околината собираа смет како дел од одбележувањето на „Светскиот ден на за заштита на животната средина“.

Денес сликата во близината на „Гоцева шума“ зачудувачка. Она што активистите го собраа во петојкот, го ставија во вреќи и го изнесоа до самата ограда никој го нема собрабо и транспортирано до депонијата.

Оправдувањето дека во КЈП „Водовод“ немаат доволен број на расположливи возила малку е чудно.
Но што и да е причината потребна е брза реакција бидејќи она што се собра веќе почна да се разнесува на патот кој води кон Брана „Гратче“.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
