Попладнево околу 17:00 часот на крстосницата помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Љупчо Сантов“ се случила сообраќајна несреќа во која две лица, мајка и ќерка се повредени.
Во сообраќајката учествувале три возила: џип„БМВ“, такси возило „Фолксваген Поло“ и паркиран џип „Рено“, а настрадале мајка и ќерка кои ја минувале улицата на пешачкиот премин.
Во сообраќајката мајката и ќерката се здобиле со повреди и се пренесени во Општа болница со проширена дејност Кочани.
Според информациите до кои што дојдовме и двете лица се пратени за Штип на компјутерска томографја.
На местото на настанот излезена е увидна екипа од Полициска станица – Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ