СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА, ПАТНИЧКО ВОЗИЛО УДРИЛО ВО ДВАЈЦА ПЕШАЦИ

април 13, 2025
1 минути

На 11.04.2025 година во 07.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани, патничко возило „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.К.(29)  удрило во двајца пешаци – С.М.(64) и едно 8-годишно дете, исто така од Кочани. Притоа во несреќата С.М. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип, додека малолетното лице се здобило со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Дневен билтен на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ