СО НЕИСПРАВНИ ВАГИ СЕ КРАДАТ КУПУВАЧИТЕ, НА ПОТЕГ Е ПАЗАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА

септември 19, 2022
0 минути

Наша сограѓанка деновиве била измамена а како што пишува не само таа при купувањето црвен пипер за ајвар. Иако купила одредена количина и чесно платила дома констатирала дека од количината едвај има само половина. Во писмото кое ни беше испратено наведува:

„Ќе ве  замолам само ако може да објавите еден краток пост односно предупредување до граѓаните на Кочани. Станува збор за ромите што продаваат аварски пипер паркирани кај школото Раде Кратовче. Кои крадат на килажата. Поточно ромчето од село Баница – Струмичко. На 10 килограми пипер вагата му покажува 20 килограми (башка што ние купивме по повеќе) и ти крадат дупло од парите. Многу граѓани тој ден купивме пипер од тој господин и сите бевме украдени со дупла килажа. Истата вечер господинот си заминал, односно избегал. Јас поѕвонив во пазарна инспекција па ќе се потрудам да најдам доволно информации за името и регистарската табличка на комбето за да се дојде до тој човек. Од мене толку па вие како портал ако сакате една предупредувачка порака до граѓаните да се објави за да внимаваат во иднина. Доколку ова го објавите за што ве замолувам ќе ви бидам благодарна“ стои во писмото што ни го испрати наша читателка.