СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА – ВОЗИЛО ИЗЛЕТАЛО ОД ПАТОТ

март 18, 2022
1 минути

Утринава на патниот правец Штип – Кочани, во непосредна близина на новиот кружен тек кај компанијата „Антура“ се случила сообраќајна несреќа.

Од засега непознати причини патничко моторно возило „Цитроен Саксо“ со кочански регистарски таблички излетало од коловозот и се превртело.

Излезена е дежурна екипа од Полициска станица – Кочани која ги утврдува причините кои довеле до оваа сообраќана несреќа.

С. Ивановски