СООПШТЕНИЕ НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ (29.10.2022)

октомври 29, 2022
1 min read

Почитувани сограѓани,

На денешната седница на Совет на општина Кочани не ги поддржавме точките поврзани со КЈП Водовод. Причината е јасна и недвосмислена: не поддржуваме неспособност за менаџирање!

Не поддржуваме непрофесионалност и неажурност!

Не поддржуваме реализирање на лични интереси на сметка на жителите на општина Кочани!

Претставници на ДПМНЕ, нудите “решенија”, а реално – само го пролонгирате проблемот и единствена цел ви се партиски непотребни вработувања.

Крајно време е некој да преземе одговорност за милионските загуби на претпријатието!

Крајно време е некој да одговара за штетата која од ден на ден се зголемува!

Ветувавте сé и сешто, а за цела една година, испорачавте – НИШТО! Бескрупулозно ја лажете цела кочанска јавност за наводна загриженост, а таргет ви беше само ВЛАСТ!

До кога планирате да ја држите локалната самоуправа во заложништво?!

Советничка група предводена од СДСМ