СООПШТЕНИЕ ОД ГФК „ОСОГОВО“

Во Спорт
август 17, 2024
1 минути

Почитувани љубители на фудбалот во Кочани и навивачи на Осогово, утре 17.08.2024 год. започнува новата сезона во Втора МФЛ, каде што нашиот миленик и оваа година ке се натпреварува во конкуренција на многу познати фудбалски тимови од нашата држава.

Осогово овој преоден рок се засили со неколку млади играчи (дел од нив и репрезентативци во свои категории), минатогодишниот ростер на играчи 90% е задржан освен Александар Трајчевски, Андреј Љубевски и Јован Заревски кои си заминаа. Кон првиот тим се приклучија младите Марко Ефтимов, Дејвид Иванов и Петар Постоловски, млади играчи кои настапуваат во младинските школи на Осогово, со тоа што се дава до цел дека нашиот тим сака за неколку сезони да создаде нови млади играчи од својата школа кои за неколку години ке бидат носители на играта.

Осогово е екипа која во својот тим има најмногу играчи кои потекнуваат од својата школа и од градот и околината на Кочани.

Се надеваме дека со добри игри и поголема ангажираност на фудбалерите оваа година навреме ке се обезбеди опстанокот и нема да се дојде до ситуација  како минатата сезона. Свесни сме за квалитетите на другите екипи во Втора МФЛ, но сепак никогаш нема предвреме да се предаваме и со ангажираност и  помош на публиката и верните СЕЈМЕНИ секогаш фудбалерите ке го дадат својот максимум за позитивни резултати на секој натпревар.

Ве повикуваме како утре на првиот натпревар против Вардар Неготино, така и на следните натпревари со фер и коректно навивање од трибините да го бодриме наше Осогово .Оваа година имаме голем јубилеј -100 години фудбал во Кочани, јубилеј со кој може да се пофалат многу малку екипи во Македонија, нека тоа биде мотив плус за што подобар пласман оваа сезона.

Купете СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ, помогнете му на нашиот миленик и заедно да се радуваме на идните успеси. Ве известуваме и дека на утрешниот натпревар на одредено место на стадионот ке се продава вода и безалкохолни пијалоци поради високите температури. Во консултација со ФФМ И МВР поради безбедност секој присутен на стадионот ке може да си купи ладен  пијалок во чашка (не е дозволено внесување на шишиња ). Се надеваме на разбирање од ваша страна и  уште на првиот натпревар ве повикуваме  да бидеме присутни во што поголем број на градскиот стадион, Никола Мантов,  и да дадеме подршка за прва победа оваа сезона на домашен терен.

ГФК  Осогово – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ