На една седмица пред почетокот на пролетниот дел од првенството во двете Втори фудбалски лиги, екипите на „Силекс“ и „Осогово“ закажаа фудбалски натпревар кој уште за време на подготовките го беа најавиле како генералка (последен од серијата подготвителни натпревари).
Натпреварот ќе се одигра во Недела на теренот во Кратово со почеток во 14:00 часот по кој и двајцата шефови на стручните штабови Горазд Михајлова и Александар Андов ќе ја имаат комплетна слика за тоа како ги спровеле подготовките и кои ќе бидат составите со кои ќе се пуштат во борбата за освојување на бодови.
С. Ивановски