ВО КРУГ НА ФАБРИКА ПОЖАР НА ТОВАРНО МОТОРНО ВОЗИЛО

јуни 30, 2022
0 минути

На 29.06.2022 во 12.12 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 11.00 часот настанал пожар на товарно моторно возило „ивеко“, паркирано во круг на фабрика во Кочани.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување.

ИЗВОР: Дневни билтени од СВР Штип