Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ денеска го одбележа патрониот празник. По повод 104-годишнината од раѓањето и 80-годишнината од смртта на Викентиев, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и повеќе делегации положија свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор.ж
По повод празникот на кочанското техничкото училиште, присутните проследија кратка програма, а беа прогласени и најуспешните ученици.
Ученик на генерацијата 2020 – 2024 е Јован Филипов, кој воедно е и најуспешниот во електротехничката струка. Од машинската струка, за ученик на генерацијата е прогласен Александар Гоцевски, а од сообраќајната струка – Дејан Иванов.
Директорот на СОУ „Гошо Викентиев“ Владо Симеонов им врачи годишни признанија на професори со 10, 20, 30 и 40 години работен стаж.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ