Кога нешто треба да се случи и да не се планинара се случува. Токму денес неколку часа по потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу спасителните планински служби на „Осогово“ – Кочани и Ќустендил (Р. Бугарија) на „Пониква“ од наносите на снег беа завеани возила.
И токму спасителните служби ја покажале својата способност на дело, успеале да ги извлечат возилата на сигурно и тие несметано да тргнат во правец на Кочани.
„Додека одморавме малку со нашите гости од Ќустендил по успешно завршениот ден добивме позибв дека на патот кон Кочани од силниот ветер има наноси на снег во кои беа завеани возила. Веднаш тргнавме со двете возила, и нашето и на колегите од Ќустендил и успеавме да ги извлечеме завеаните возила и да ги испратиме за Кочани. Ова се случи неколку часа по потпишувањето на меморандумот за соработка“ беше изјавата во телефонскиот разговор на Гоце Исајов – претседател на ДППС „Осогово“ од Кочани.
С. Ивановски